Започнува новата авантура на Вардар во Лигата на Шампионите

116

Македонскиот фудбалски шампион, тимот на Вардар вечерва до 19:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје го игра првиот од двата дуели против шампионот на Финска, тимот на КуПС во рамките од првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите.

Вардар во оваа ваантура влегува по освоената титула во домашниот шампионат. Последен пат „црвено – црните“ беа дел од најјелитното фудбалско натпреварување на светот сега веќе далечната 2017 година. Пред точно девет години Вардар ги одигра оние легендарни дуели со Копенхаген во рамките од третото тогаш квалификациско коло за пласман во групната фаза од ЛШ.

Тогаш Вардар не успеа да влезе во елитното натпреварување, за да потоа сепак, го оствари најголемиот успех во својата историја, пласманот во групата фаза од Лигата на Европа.

Тие времиња за Вардар се минато, а сегашноста е следна. Дуелите со КуПС, екипа која што е реално е енигма за нашата јавност, но ние малку треба да се бавиме со противникот. Нам ни е битен најтрофејниот македонски фудбалски колектив. А тој вели…

Деби на тренерот Фабијани

Како што и самиот тренер на ФК Вардар, Кристијан Фабијани рече на официјалната прес конференција синоќа овој дуел трае 180 минути. Од друга страна пак, неговиот престој во Скопје трае околу три месеци, откако се појави за да скаутира, а потоа и да го преземе тимот.

Вечерва е официјалното деби за Фабијани. Првиот тест за капацитетот, квалитетот, и способноста на аргентинскиот стратег да го води Вардар и сиот товар кој што „црвено – црните“ го носат со себе. Не е лесно да се дебитира во квалификациите од Лигата на Шампионите, но на мака се познаваат јунаците, а Фабијани според она каков играч беше тешко дека финскиот шампион КуПС ќе го исплаши….

Домашна предност па заминување во Скандинавија….

Домашниот терен за Вардар треба да е клучен во овој двобој. Финците во Скопје пристигнаа подготвени за се. Барем така кажа нивниот тренер, 34. годишниот Мика Нутитнен. Дека знаат со што располага Вардар, дека противникот е скаутиран на десетина мечеви, дека топлото време не е тема, затоа што за КуПС не играат само финци, играат африканци кои добро знаат што е топлина, и дека доколку го одработи она што го знае, нема да има проблеми.

Вардар мора вечерва да создаде предност. Онаа која што би му гарантирала каква таква сигурност за реваншот. Реванш кој што се игра на вештачка трева и кој што ама апсолутно не знаеме што може да донесе. Затоа Вардар да искористи се што ќе му се пружи вечерва.

 

 

 

 

 

 

ПретходноФИБА ги одреди носителите на групите, Македонија ќе чека 16 јули!
СледноГентјана Рочи: КуПС ќе ја казни секоја грешка на Вардар, а јас нормално е да навивам за мојот клуб