Тимот на ГФК Тиквеш кој што во моментов се наоѓа на подготовки во Турција, во само неколку дена по втор пати е поразен од тимот на Балтика од Русија.
И тоа повторно со голема разлика. Ако на првиот дуел кавадарчани примија пет гола, овојпат очигледно се надминале и самите себеси.
Во дуел во кој што се играле две полувремиња од по половина час, ГФК Тиквеш примил шест гола.
Од она што може да се дознае од таборот на кавадарчани е дека сеуште тимот е во голема потрага по засилувања но дека истите сеуште не се појавуваат во базата во Турција.










