Со огромно задоцнување, екипата на Башкими ќе ги стартува подготовките за новата сезона следната недела.
Во Куманово долго време се чекаше да се случи нешто, а од она што во моментов е познато е дека на клупата на Башкими ќе застане Муарем Муарем. Тој ќе означи почеток на подготовките во среда.
Негов помошник ќе биде Арменд Алими кој што пред само неколу недели и официјално ја заврши богатата фудбалска кариера.
Што се однесува пак до играчкиот када дополнително ќе се знае што и како понатаму. Огромен дел од играчите кои што настапуваа лани за Башкими заминаа во друг клуб.















