Во Баерн Минхен шокирани од потегот на Мајкл Олисе! (ФОТО)

26
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Иако раководството на Баерн Минхен, на итен состанок, одлучи да ја одбие понудата од Реал Мадрид вредна 220 милиони евра за Мајкл Олисе, се чини дека сагата со спектакуларниот напаѓач не е завршена.

Имено она на што најмалку се надеваа во Минхен беше потегот што го направи францускиот репрезентативец.
Имаше информации дека Олисе преку својот агент побарал средба со челниците на Баерн, што го вклучи алармот во Минхен бидејќи е јасно дека Французинот сака да разговара за својот статус. Она од што најмногу се плашат во Баерн е дека Олисе би можел да побара трансфер, што целосно би ја променило ситуацијата на „Алијанц Арена“ и би ги искомплицирало работите до максимум. Средбата меѓу челниците на клубот и Олисе ќе се одржи по Светското првенство, а потоа ќе биде јасно дали тој останува или сака да го напушти баварскиот клуб до крајот на овој летен преоден рок.
Исто така, многумина веруваат дека играчите на Реал кои се соиграчи на Олисе во националниот тим го поттикнуваат да потпише за „Кралевите“, а првенствено ова се однесува на Килијан Мбапе и Аурелиен Чуамени.

ПретходноАл-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни