Според германските медиуми: Најавениот инвеститор во Брегалница, во Германија водел клуб на раб на банкрот!

412
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

И дефинитивно работите во Брегалница не одат во посакуван правец. Имено до стартот на новата сезона во ПМФЛ остануваат уште 12 дена, во клубот ништо уште не се знае.

Се најавуваше влегување на нов инвеститор од Германија, Франк Саломон, но засега сеуште нема ништо дефинитивно. Инаку медиумите во Германија потенцираат дека ФК Феникс Либек, клуб во кој посочениот Саломон е генерален и спортски директор, во неколку наврати избегнал банкрот.

Кicker.ge пишува дека експертска комисија назначена од клубот по ревизијата открила недоволно финансирање, а недостигале 400.000 евра во март 2025 година. Се нагласува дека во декември 2024 година клубот избегнал трет банкрот со собирање околу 1 милион евра преку донации и спонзори. Веќе во март 2025година се соочил со нов дефицит од 400.000 евра. Во март 2026 година има недостиг од 40.000–100.000 евра за плати и трошоци, решен со итни спонзорски уплати и приходи од натпревари.

Секако дека ова не мора ништо да е поврзано со неговата инвестиција во Брегалница.

ПретходноДиректни преноси на ТВ: Вардар на Арена Спорт М1, Шкендија на МТВ!
СледноВардар треба да нападне, тоа е добро за нас…