Кадетите во посета на Македонско село и манастирот „Св. Пантелејмон“

779

Македонската кадетска репрезентација денешниот ден го искористи за посета на Македонско село и манастирот „Св. Пантелејмон“.

Нашите ракометари во манастирот „Св. Пантелејмон“ беа пречекани од отец Агатон, кој на ракометарите им подари икона за благослов пред претстојните предизвици.

„Голема благодарност до Македонско село за топлиот пречек и гостопримството укажано кон нашите кадетски репрезентативци и стручниот штаб“, се вели во известувањето на РФМ.

Македонија за четири дена заминува за Белград каде ќе настапи на Европското првенство, првиот меч е закажан за 29. јули, а противник е селекцијата на Словенија. Покрај оваа земја нашите кадети ќе играат уште против Франција и Шведска.

ПретходноТиквеш го „размонтира“ Арсими на премиерата на ПМФЛ сезоната (ВИДЕО)
СледноСалиу: Кардиналните грешки тешко се поправаат