ТИМ И ИГРАЧ НА 1. КОЛО: Тиквеш покажа Сила против Арсими

158

Во првото коло од новиот ПМФЛ шампионат, секако дека за издвојување се високите победи на екипите на Тиквеш против Арсими, Силекс против Башкими, како и Шкендија против тимот на Скопје. Вардар исто така рутински ја одработи задачата против Брегалница на Арената, како и тимот на Струга ТЛ против дебитантот Шкендија Арачиново.

Гостите изминатиот викенд едноставно немаа моќ да одработат нешто повеќе, а во Кавадарци на пример причината беше и блесокот на домашниот напаѓач Н’Фанли Сила. Интернационалецот од Гвинеја постигна три гола и од старт на шампионатот покажа дека ќе биде ударна сила на кавадарчани. Токму затоа е и прогласен за играч на колото во изборот на Спортспорт.

Од друга страна пак, во тимот на колото се најдоа новиот голман на Струга ТЛ, Јовчевски, десниот бек на Шкендија, Трумчи, а последната линија на пополнуваат неговиот соиграч Имран Фетаи, Дарко Илиески од Силекс и левиот бек на Вардар Михаил Маневски.

Во средината се еден од стрелците за Вардар, Горан Закариќ без кого очигледно шампионот не може, Димитар Тодоровски кој што конечно доби шанса од првата минута, и ја искористи на најдобар можен начин, како и засилувањето за Шкендија Рафа. Гореспоменатиот Сила, неговиот колега од Тиквеш, Лавал кој што постигна два гола, и Марјан Радески од Струга го пополнуваат тимот на првото коло во штотуку започнатиот ПМФЛ шампионат.

ИГРАЧ НА КОЛОТО:

Н’ФАНЛИ СИЛА 

Тим: Тиквеш

Роден: 02.02.2005 во Конакру (Гвинеја)

ПретходноСтојчевски им суди на Пјуник и Дебрецин, Илиоски на центарот во Вилнус
СледноПелистер потпиша Американец со македонски пасош!