Спиркоски е ново име во составот на Пелистер

70

Искусниот Благоја Спиркоски е најновото засилување за второлигашот Пелистер. Како што објавија од клубот, 30-годишниот дефанзивен играч за врска ќе биде ново име во составот на тренерот Христов.

Прилепчанецот минатата сезона ја заврши во екипата на Охрид, откако во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Кожуф. Во дресот на Пелистер беше во сезоната 2020/21.

ПретходноПријателски: Работнички подобар и од Еуромилк ГЛ, Беласица славеше против Кожуф
СледноДрама во Рига, Вардар води со 1:2, и оди во продолженија (ВИДЕО)