Растодер со гол во 85. минута го однесе ПАО во 3. коло на КЛ (ВИДЕО)

313

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер му донесе пласман во 3. коло од Конференциската лига на тимот на Панатинаикос, кој вечерва се мачеше на домашен терен против унгарски Пакс во реваншот од 2. коло.

Иако Грците славеа на првата средба со 2:1, на реваншот пред своја публика дозволија Унгарците двапати да водат, но Растодер успеа со голот во 85. минута да донесе клучно израмнување за конечни 2:2 и пласман на „детелинките“ во следната рунда.

Ова беше гол првенец за нашиот репрезентатцивец во дресот на грчкиот клуб.

ПретходноОфицијално: Стоунс го облече дресот на Интер
СледноШкотски предизвик: Хиберниан е следниот ривал на Шкендија во КЛ