Иако нашите млади ракометари имаа некаков си резултатски приклучок во текот на речиси цел натпревар сепак, на крајот репрезентацијата на Шведска успеа да слави со конечни 29:33, во дуелот од третото коло од тековниот Европското младински У18 првенство.
За Македонија ова беше трет последователен пораз во исто толку мечеви. Откако во првите две кола не успеавме против Словенија и Франција, овојпат бранителот на титулата од пред две години Шведска не ни дозволи премиерна радост на овој турнир.
Македонија денеска не одигра лошо, напротив, имаше свои моменти. На полувреме заминавме само со два гола негатива, (16:18), за да и во продолжението имаме ритам и резултатски баланс.
Сепак, Шведска во клучните моменти беше посконцентрирана нејзиниот голман фати неколку важни топки и тоа беше пресудно.
Дамчевски и Костов со по осум гола беа најјефикасни во нашиот табор.
Утре е слободен ден на првенството, а потоа Македонија во понеделник и во вторник ќе ги одигра двете средби против Турција и најверојатно Италија од разигрувањето за пласман од 13 до 24 и битката за СП 2027.










