Македонскиот фудбалски интернационалец, Георг Стојановски е нов играч екипата на Лусаил, која што е дел од шампионатот на Катар.
Досегашниот член на екипата на Спартак од Варна веќе се наоѓа на Блискиот исток и откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише двегодишен договор.
Некогашниот македонски младински репрезентативец прави уште интернационалец трансфер по оние во УАЕ каде беше дел од тимот на Хата, и по престојот во Бугарија.
Во домашниот шампионат пак беше дел од екипите на Вардар, Тетекс, Шкупи, Работнички.
Лусаил е нов прволигаш во шампионатот на Катар, а таму своевремено беше тренер и нашиот поранешен селектор Мирсад Јонуз. На стадионот каде што се натпреварува тимот на Лусаил беа играни мечеви од Мундијалот во 2022 година.










