Промоција: Брегалница се пофали со Матеус Лемос!(ФОТО)

150
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Сега веќе е официјално. Бразилецот Матеус Лемос е новото засилување на Брегалница, значи најавите се оствариа. Станува збор за одличен техничар кој “оперира” во левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро. Лемос има искуство во македонската прва лига, тој со успех настапуваше во Македонија ЃП и Вардар. Летово се поврзуваше и со арачиновска Шкендија, но сепак тој се одлучи да ги прифати условите во Штип. Последната седмица тренира во Штип и одлично е прифатен во новата средина.

Матеус Лемос има 29 години, во својата кариера има настапувано во бразилските нисколигаши Сан Хозе, Мауа, Комерцијал и Индепендиенција. Негова силна страна во играта е играта 1 на 1, одличен центаршут, вреден играч без топка и дисциплинирана игра во дефанзивниот сегмент на игра.

ПретходноРК Вардар со информација: Промени во распоредот на два меча од Лигата на Шампионите!(ФОТО)
СледноНејмар со шокантна изјава: На крајот од годината можеби ќе се пензионирам!