Браво момци Македонци: Кадетите во драматичен финиш ја победија и Португалија!

709

Уште една победа на кадетската репрезентација на Македонија на ЕП, и тоа против силната Портигалија со 26:25 и тоа со гол на Костов на 5-6 секунди до крајот. Уф, каков меч одиграа нашите кадети против Португалија?

Сепак на крајот заслужена победа со која во недела ќе играме за 9.место на ова ЕП и тоа против победникот од дуелот Австрија – Израел.

Македонија мораше да победи, ако се знае дека во текот на целиот меч водевме, во два моменти имавме и +6 голови разлика, но во последната фаза од средбата противничкиот голман Алмеида се разбрани и му овозможи на својот тим да дојде до 25-25, а и напад за победа. Момците на селекторот Горан Кузманоски се одбранија а потоа на само 5-6 секунди до крајот Костов успеа да го совлада Алмеида за голема, голема победа и секако за голема радост на нашите ракометари.

Уште на стартот од мечот нашите кадети ги контролираа настаните на теренот, имаа постојано водство а на полувреме беше 13:9. И во второто полувреме продолживме со ист ритам, но последните десет минути беа критични, ама не и фатални за нас.

На крајот заслужена победа на Македонија.

Дамчевски со 7 и Костов со 5 голови беа нашите најдобри стрелци, додека кај Порругалците тоа беше Маркеш со 9 голови, додека голманот Алмеида заврши со 15 одбрани. Одличен беше и нашиот голман Николовски со 13 одбрани.

ПретходноДали е изненадување: Аргентина со поддршка за Инфантино!
СледноСтојановски пред дуелот со Исланд: „Ако го контролираме скокот, ќе го наметнеме нашиот ритам“