Најдобриот македонски фудбалер, се соочува со сериозен рпедизвик во моментов кога станува збор за клупската кариера. Едноставно нема статус на првотимец во тимот на Ред Бул Лајпциг каде што има долгорочен и пред се богат договор, и јавноста секојдневно го сели некаде на позајмица. Во изминатиот период тоа беше во неговиот добро познат Наполи, но летово Елмас е во Германија и е дел од подготовките на Ред Бул.
Тој напорно тренира со своите соиграчи не давајќи повод да се помисли дека не е задоволен напротив. Секојдневно гледаме видео записи од негови добри потези на тренинзите на тимот, а денеска истиот замина и на гостување.
Утре Ред Бул има закажано пријателски меч против тимот на Лидс, на гости, а експедицијата денеска замина за Островот. Со Елмас на чело секако. Дали ова значи дека дефинитивно нашиот репрезентативец останува во таборот на Лајпциг останува да видиме во следните неколку дена.










