Напаѓачот се повреди на загревање: А што ако играше и Марко?! Вардар имаше и среќа…

581

Откако постигна два гола во двата европски натпревари за Шкендија, против Браво и Хиберниан, Марко Ѓорѓиевски беше најавен како стартер заедно со Ибраими во нападот на тетовските “црвено – црни“.

Сепак Марко не настапи на денешното дерби од причина што се повредо на загревање. Штета за него, секако и за Шкендија, а среќа за Вардар.

Првичните најави беа дека Ѓорѓиевски го поврдил зглобот, сепак официјално од Шкендија велат дека станува збор за повреда на прстот од ногата, па тренерот Положани не сакал ништо да ризикува.

Можеме да претпоставиме каков ќе беше резултатот ако и Марко играше, очигледно е дека Вардар имаше и среќа.

Да се надеваме дека повредата не е од потежок карактер, па Ѓорѓиевски ќе може да настапи на реваншот со Хиберниан во четврток.

ПретходноПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)