Денеска од Фудбалската федерација на Македонија го објавија распоредот за следното трето редовно коло од ПМФЛ шампионатот.
Дербито на оваа кампања е во Струга каде домашниот Трим Лум го пречекува Вардар. Дуелот се игра в недела од 16:30 часот. Од 19:00 часот пак на комплексот Петар Милошевски во Скопје, Шкендија ќе ја пречека Брегалница во вечерен термин.
Колото пак ќе го отворат Аресими и Башкими со својот дуел в петок на 14.08.2026 од 16:30 часот, додека в сабота на програмата се мечевите Тиквеш – Шкендија Арачиново и Силекс – Скопје.















