Мазари и официјално во Елбасан!(ФОТО)

104
ФОТО:.facebook.com/afelbasani

Атдхе Мазари (25) и официјално е нов член на Елбасан, тим од елитната лига во Албанија. Раководството на овој клуб веќе го промовираше напаѓачот и очекува од него добри игри, секако и голови.

Инаку на Мазари последен клуб му беше Шкендија, каде играше како позајмен играч на Вараждин.

Претходно играше и во Работнички, Победа, Струга Т, Охрид.

Во нападот може да игра и по левата и десната страна, а добро се снаоѓа и како централен напаѓач.

ПретходноШкотите тренираа на Арената: Што е ова?! Пекол…(ФОТО)
СледноРасел Вестбрук означи крај на кариерата!