Екипата на ГРК Охрид го запиша вториот триумф на струшкиот турнир, откако славеше против Дубочица со 26-21. Со оваа победа охриѓани се пласираа во финалето и ќе играат за нов трофеј.
Лидери во таборот на охриѓани беа Тилен Стрмљан со шест и Доминик Мате со пет погодоци.
Македонскиот тим во првото полувреме водеше со 11-6, но противникот ја врати на момент неизвесноста и на одморот намали на 14-12. Сепак избраниците на Борис Ројевиќ на дело го потврдија својот квалитет и искусно го приведоа мечот во своја корист.
Стрелци ГРК Охрид: Стрмљан 6, Ојлески, Јошида 3, Кеита 2, Карапалевски, Славиќ (14 одбрани), Савревски 1, Мате 5, Лиапис 1, Талески, Блажески, Зечевиќ 2, Ивановски 2, Ѓукиќ 4, Ќосевски, Ѓорѓески.










