Попладнево се одиграа шест меча од 1.коло во новата 2026/27 сезона во ВМФЛ.
Интересно беше во Ѓорче каде Македонија ЃП и Тетекс одиграа 1:1. Супер интересно беше во Охрид, каде домашниот состав со 2:1 го победи Новаци и тоа со гол за победа во 81.минута. Гостите повеќе од 70 минути играа со играч помалку. Инаку жешко беше и тоа како, во текот на целиот меч имаше “гужви“.
Работнички имаше силен старт и победа над Кожув со 3:0 и тоа со головите на Кудијан, Подграџа и Богданоски,
Детонит речиси рутински славеше на Чар кај Шкупи со 0:2 и тоа со головите на Димовски и Голубов.
Во Струмица два меча и на двата победија доашните, Беласица – Осогово 1:0 и Брера – Еуромилк 2:0.
РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО
Брера – Еуромилк 2:0
Беласица – Осогово 1:0
Македонија ЃП – Тетекс1:1
Охрид – Новаци 2:1
Работнички – Кожув 3:0
Шкупи – Детонит 0:2
УТРЕ, 20 Ч
Пелистер – Камјани










