ВМФЛ: Без победник во Ѓорче, “гужви“ во Охрид, силен старт на Работнички, Детонит славеше на Чаир

560

Попладнево се одиграа шест меча од 1.коло во новата 2026/27 сезона во ВМФЛ.

Интересно беше во Ѓорче каде Македонија ЃП и Тетекс одиграа 1:1. Супер интересно беше во Охрид, каде домашниот состав со 2:1 го победи Новаци и тоа со гол за победа во 81.минута. Гостите повеќе од 70 минути играа со играч помалку. Инаку жешко беше и тоа како, во текот на целиот меч имаше “гужви“.

Работнички имаше силен старт и победа над Кожув со 3:0 и тоа со головите на Кудијан, Подграџа и Богданоски,

Детонит речиси рутински славеше на Чар кај Шкупи со 0:2 и тоа со головите на Димовски и Голубов.

Во Струмица два меча и на двата победија доашните, Беласица – Осогово 1:0 и Брера – Еуромилк 2:0.

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО

Брера – Еуромилк 2:0

Беласица – Осогово 1:0

Македонија ЃП – Тетекс1:1

Охрид – Новаци 2:1

Работнички – Кожув 3:0

Шкупи – Детонит 0:2

УТРЕ, 20 Ч

Пелистер – Камјани

ПретходноСтартува Ла Лига: Жозе се врати, Реал никогаш посилен, ама Барса оди по „три од три“, и Столе во елитата
Следно“Розова забава“: Еве како Јамал го прослави својот 19-ти роденден!(ВИДЕО)