Еден од најдобрите млади македонски кошаркари, Григориј Ѓорѓевиќ и воедно и наш млад репрезенаттивец и официјално е нов играч на тимот на ТФТ.
Младиот репрезентативец на неодамнешното европско првенство до 18 години имаше просек од 13.4 поени, 4.7 скокови и 6.4 асистенции, што воедно беше и трет најдобар асистент на целото првенство.
Ѓорѓевиќ дополнително го потврди својот квалитет и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше прогласен за MVP на финалниот турнир за екипата на КК Вардар.
Во финалето одигра феноменален натпревар, забележувајќи 25 поени, 9 асистенции и 8 скокови, со што заслужено ја понесе наградата за најкорисен играч.
View this post on Instagram










