ПМФЛ полувреме: Струга ТЛ и Вардар во дербито засега без голови

103

Дуелот од третото ПМФЛ коло кој што се игра во Струга каде што домашниот Трим Лум го пречекува шампионот Вардар, на полувреме е означен со резултатот 0:0.

По топлото време во терминот од 16:30 часот, и двата тима одиграа релативно добро со неколку обиди за погодок.

Вардар прв се закани но на два пати одлично интервенирапе Папе Фал во дефанзивна улога.

Радески на другата страна погоди но голот беше поништен поради офсајд, за да истиот играч по неколку минути биеше во ситуација еден на еден но Талески одбрани.

Дарко Велковски со глава се обиде по еден корнер, но Јовчевски сигурен.

 

ПретходноДвоен триумф на Сара Митевска на турнирот Југ опен во Скопје
СледноКристијано Роналдо: Ова е веројатно мојата последна сезона во кариерата