Велковски се одјави од Вардар! Збогум до некои подобри времиња…

565

 

СпортСпорт најави, а Дарко Велковски денеска се одјави од ФК Вардар АД. Искусниот стопер денеска не се појави на тренингот со екипата, а вчера се поздравил со играчите со што стана јасно дека е прифатена понудата од Бахреин.

Вице-првакот на оваа земја Ал Халидија е новиот клуб на дефанзивецот кој одлучи да си замине од Вардар по тоталниот колапс на екипата на евро-сцената и по двата дерби порази на стартот од новата сезона. Заминувањето на репрезентативниот стопер е голем проблем за екипата во дефанзивата каде остануваат со Мислав Матиќ и Филип Најдоски.

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Дарко Велковски се враќа во Азија каде во минатото имаше настапувано за екипата на Ал Етифаг од Саудиска Арабија каде тренер му беше Стивен Жерард. Во екипата од Бахреин, стоперот оди кај неговиот поранешен тренер од Ријека, Горан Томиќ. Македонскиот стопер е засилување за новата сезона во Бахреин но и за настапите во Лигата на шампионите. Ал Халидија е во група со екипите на Ал Вахда, Ал Кувајт и Насаф Карши…

И ДРУГИ ПРВОТИМЦИ СИ БАРААТ КЛУБ

Во Вардар не цветаат рози. Си замина Дарко Велковски, го нема повеќе и Герсон Родригес, а квалитетите на одредени играчи како Кастањеда, Пирес, Торес и Пуелио се веќе прочитани и далеку од посакуваното ниво. Она што е значајно е тоа дека и други играчи од првиот тим бараат опција што е можно поскоро да си заминат од апокалипсата која владее во најтрофејниот клуб. Си замина и тренерот Кристијан Фабијани, а Хрватот Марио Цвитановиќ е пред промоција во екипата од Скопје.

ПретходноКристијан Николов е нов играч на КК Работнички
СледноДевојките загубија од Романија на отварањето на Зонските квалификации