Струга ТЛ има нов напаѓач

257

Екипата на Струга ТЛ и покрај тоа што има сосема солиден старт на сезоната сепак се одлучи да доведе уште едно засилување. И тоа во нападот.

Се работи за интернационалецот од Нигерија, Даниел Акинлосоту, кој што последно има настапувано во Кипар. Во тимот на Монмерексе, а претходно имал договор со турскиот тим на Аланијаспор.

Со него Струга ТЛ добива на екстра квалитет на напаѓачката односно крилната позиција. Нигериецот е и левак, што дополнително го прави вреден за екипата.

ПретходноПрвите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса
СледноКристијан Николов е нов играч на КК Работнички