Полувреме на ФФМ: Скопје – Тиквеш 1:0 на +40 степени!

127
ФОТО:FK Skopje/FB

Скопје – Тиквеш 1:0 по првото полувреме од првиот меч кој се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Домашните имаат водство со голот на Божиновски и тоа во 34.минута откако убаво беше проигран од Цветковски.

Се игра како што и се очекуваше во невозможни услови на +40 степени Целзиусови колку што е на самиот терен на ФФМ.

Тиквеш бепше блиску до водство кога уште во 4.минута Сила и тоа како опасни се закани, но домашниот голман Наумовски одлично одбрани.

Во 36.минута судијата Идризи му покажа втор жолт, односно црвен картон, но по консултацијата со ВАР собата, и неговото гледање на снимката, одлуката беше промената, а со тоа Тиквеш остана со сите играчи на теренот.

ПретходноФенербахче каже ДА: Ливаковиќ во Барселона!
СледноЗа Тони Крос нема дилеми кој треба да ја добие “Златната топка“: Тој во моментов е најдобар во светот!(ФОТО)