Полувреме: Глигоров го “стресе“ Башкими под Исарот!

86
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial/

Со голот на Глигоров во 23.минута, Брегалница по првите 45.минути има водство од 1:0 против Башкими, во меч од 4.коло во нашата елитна лига кој се игра во Штип под светлоста на рефлекторите.

Сините“ беа подобри, имаа шанси и за поубедливо водство, но треба да се каже дека и кумановц “покажаа заби“ и тоа во 20.минута кога Саити ја погоди пречката на домашните. Во 43.минута бараа и пенал, ама не добија. Овој Башкими од вечерва во Штип е далеку, далеку подобар од оној Башкими од првите три кола.

Да кажеме и тоа дека овој меч се игра во убава атмосфера под Исарот, секако дека не е пеколно топло како попладнево на ФФМ каде играа Скопје и Тиквеш. А дека Штип го сака фудбалот, ја сака Брегалница, доволно говори податокот дека новата трибина е преполна и дека има најмалку околу 2.500 гледачи.

ПретходноШкендија и против Струга ТЛ без Марко Ѓорѓиевски!
СледноДобра вест за Вардар: Милан Лазаревски се враќа на терените!