Брегалница – Башкими 3:0 вечерва во Штип, во меч од 4.коло во новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Втор меч и втора убедлива победа за четата на стратегот Никола Кузманов на свој терен. По Арсими, штипските “сини“ слаеа и против составот од Куманово.
Стрелци за Брегалница беа Глигоров во 23.минута и во 72.минута, како и Калпачки во 56.минута.
Иако се очекуваше спротивно, Брегалница сепак не тргна со сите сили во напад уште од првите секунди. Се виде дека Башкими не е така наивен противник како што беше во минатите три кола. Сепак “сините“ имаа шанса во таа почетна фаза од мечот, ама Фати Исмаили од гол – линијата ја извади таа топка.
Кумановци опасно се заканија во 20.минута кога Саити ја погоди пречката на домашните, Брегалница во тие моменти имаше многу среќа. И ако немаше гол во домашната мрежа, само три минути подоцна имаше во гостинската. Стојанов прекрасно му асистираше на Глигоров, кој со ефектен гол носи водство и радост кај домашните фанови.
Само што започна второто полувреме, домашниот голман Јашар брани зицер, а во 56.минута веќе е 2:0 за Брегалница.
Максимов опасно продре по десната страна во негов стил, потоа убаво го најде Калпачки кој беше на околу 8-9 метри од гостинскиот гол и не му беше тешко да го удвои водството.
Брегалница добра, ама треба да се каже дека и Башкими имаше свои минути. Овој Башкими е многу, многу подобар од оној Башкими од првите три кола.
Но, Брегалница е уште подобра, се играше 72.минута кога Глигоров стрелаше за 3:0.
По овој меч кумановци и натаму се без постигнат гол, без освоен бод со гол – разлика 0:15.















