Дејан Георгиевски сопрен во четвртфиналето на Медитеранските Игри

144

Еден од македонските спортисти од кои се очекуваше медал на Медитерските Игри кои се одржуваат во Таранто, Дејан Георгиевски не успеа да ја продолжи битката до финале.

Нашиот борец во четвртфиналето во категоријата над 80 килограми во трилер меч со 2-1 во рунди загуби од силниот турски претставник Хусеин Берат Демирчоглу.

Нашиот такевондист ја освои првата рунда, но со многу среќа и малку судиска помош Турчинот во втората рунда успеа да израмни на 1-1. Во последната рунда Демирчоглу беше повторно подобар за конечен триумф од 2-1.

ПретходноШампионски поход на Ландо Норис: Британецот останува во врвна форма по летната пауза
СледноСкандал уште на стартот во Серија А: Дали судијата му помогна на Наполи да победи?!(ВИДЕО)