Еден од македонските спортисти од кои се очекуваше медал на Медитерските Игри кои се одржуваат во Таранто, Дејан Георгиевски не успеа да ја продолжи битката до финале.
Нашиот борец во четвртфиналето во категоријата над 80 килограми во трилер меч со 2-1 во рунди загуби од силниот турски претставник Хусеин Берат Демирчоглу.
Нашиот такевондист ја освои првата рунда, но со многу среќа и малку судиска помош Турчинот во втората рунда успеа да израмни на 1-1. Во последната рунда Демирчоглу беше повторно подобар за конечен триумф од 2-1.










