Ѓорческа поразена во 1.квалификациско коло за УС Опен

147

Лина Ѓорческа не успеа да го повтори успехот кога се пласираше на главниот турнир на Вимблдон. Нашата најдобра тенисерка беше поразена во 1.квалификациско коло на УС Опен и тоа од Маи Хонтама од Јапонија со 2:0 (7:6 и 6:3) во сетови.

Во првиот сет Хонтама дојде до 2:0, сепак во овој сет се играше тајбрејк,кој го доби со 7:1. Во вториот сет и покрај сите напори, сепак Лина Ѓорческа го загуби и тој сет о 6:3 па така со конечни 2:0 во сетови мораше да и честита на тенисерката од Јапонија.

ПретходноПМФЛ: Шкендија во дербито ја победи Струга ТЛ за “четири од четири“(ВИДЕО)
СледноОфицијално: Дарко Велковски во Ал – Калдија!