Уште една кошаркарка која беше дел од минатата исклучително успешна сезона за Бадел 1862 останува во тимот.
Арин Фримен ја продолжи соработката со Бадел 1862 Таа дојде од американската НЦАА-лига во февруари и за кратко време се наметна како една од клучните и најефикасните кошаркарки во Бадел 1862. Нејзиниот просек беше 18 поени, 8 скока, 5 асистенции и 3,6 украдени топки по натпревар.
„Исклучително сум благодарна и возбудена што официјално го продолжувам договорот со тимот. Благодарна сум за можноста повторно да бидам дел од екипата, како и за довербата што ми ја укажа клубот.
Навистина уживав минатата сезона, играјќи заедно со моите соиграчки и работејќи со стручниот штаб и претседателот. Со нетрпение ја очекувам новата сезона, повторно да се вратиме на работа, да продолжиме да напредуваме и да се натпреваруваме на највисоко ниво.
Возбудена сум за сè што ни претстои и едвај чекам да започнеме!“, изјави Фримен.
Со продолжувањето на договорот со Фримен, Бадел 1862 го затвори ростерот за новата сезона.










