КМФ Проект вечерва против АК Грац почнува во квалификациите за Лигата на шампионите

28
фото: KMF Proekt / КМФ Проект (FB)

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект вечерва во австриски Грац ги почнува квалификациските дуели за пласман во УЕФА Лигата на шампиони. Екипата на КМФ Проект од вчера е во Австрија каде имаше можност да го одржи и првиот официјален тренинг пред вечерашниот дуел со австрискиот првак.

Мечот со екипата на Атлетик Клуб Грац е на програмата вечерва од 20 часот. Покрај со Австријците, КМФ Проект го чекаат и мечеви со екипите на Врхника од Словенија и со Макаби Нетања од Израел.

УЕФА ФУТСАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

КВАЛИФИКАЦИИ – ГРУПА А

СРЕДА: 

20.00 КМФ ПРОЕКТ – АК Грац (Авс)

ЧЕТВРТОК:

17.30 Врхника (Сло) – КМФ ПРОЕКТ

САБОТА:

17.30 КМФ ПРОЕКТ – Макаби Нетања (Изр)

 

 

ПретходноАрсенал се договори со Ал Хилал за трансфер на Мартинели
СледноСапунџиев: Овој Пелистер е гладен за докажување