Работнички завери младински репрезентативец

23

Работнички во својот ростер додаде уште едно име. Станува збор за младиот Атанасиј Трајанов кој доаѓа од екипата на Партизан Водно санс.

Трајанов беше дел од М18 генерацијата што славеше на ЕП – Б дивизија во Скопје, летово настапуваше за младинската репрезентација до 20 години на ЕП – Б дивизија во Братислава.

„КК Работнички АД Скопје ја известува јавноста и сите љубители на Работнички дека нов член на клубот е младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов.

Атанасиј во Работнички пристигнува од редовите на второлигашот Партизан Водно Санс. 20 годишниот Трајанов е освојувач на златниот медал во 2024 година на европското првенство (Дивизија Б) со младинската репрезентација до 18 години одиграно во Скопје, каде за 21 минута бележе 6,5 поени и 6,5 фатени топки.

Тој исто така ова лето ги бранеше боите на репрезнтацијата на Македонија до 20 години на европското првенство (Дивизија Б) во Братислава. Атанасиј е висок 2 метра, успешно игра на позициите 3 и 4. Помеѓу другото, го краси борбена и корисна игра. 

Добродојде Атанасиј во црвено-белото семејство“, објави Работнички.

ПретходноПромоција: Брегалница се пофали и со Виктор Велкоски!(ФОТО)
СледноОфицијално:Марко Стојилевски е нов член на Пелистер!(ФОТО)