Македонскиот футсал шампион КМФ Проект вечерва во австриски Грац ги почнува квалификациските дуели за пласман во УЕФА Лигата на шампиони. Екипата на КМФ Проект од вчера е во Австрија каде имаше можност да го одржи и првиот официјален тренинг пред вечерашниот дуел со австрискиот првак.
Мечот со екипата на Атлетик Клуб Грац е на програмата вечерва од 20 часот. Покрај со Австријците, КМФ Проект го чекаат и мечеви со екипите на Врхника од Словенија и со Макаби Нетања од Израел.
УЕФА ФУТСАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
КВАЛИФИКАЦИИ – ГРУПА А
СРЕДА:
20.00 КМФ ПРОЕКТ – АК Грац (Авс)
ЧЕТВРТОК:
17.30 Врхника (Сло) – КМФ ПРОЕКТ
САБОТА:
17.30 КМФ ПРОЕКТ – Макаби Нетања (Изр)










