Алкалоид освои 11 од можни 12 бодови, а клучниот чекор кон титулата беше победата над директниот ривал МШК Центар со 2,5:1,5. Во шампионскиот состав настапија Лела Јавакашвили, Бела Котенашвили, Моника Стојкоска, Габриела Коскоска, Моника Жежовска и Леа Ефтовска.
Во машка конкуренција, ШК Алкалоид е на добар пат да ја одбрани титулата, откако во шестото коло го совлада ШК Гамбит со 3,5:2,5. Во долг и неизвесен меч, пет партии завршија реми, а клучниот цел поен го донесе велемајсторот Велимир Ивиќ, кој на втората табла славеше против холандскиот велемајстор Томас Бердсен.
Младиот тим на Мулти Есенс по шест кола го дели четвртото место со ШК Нов напредок од Штип, со по шест освоени бодови.










