Прва победа за македонските одбојкарки на Медитеранските игри

40
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Најдобрите македонски одбојкарки ја запишаа првата победа на Медитеранските Игри кои се одржуваат во Таранто. “Црвено-жолтите“ запишаа убедлив триумф од 3:1 (25:10, 25:27, 25:14, 25:20) против селекцијата на Алжир.

Ова беше меч во четврто и последно коло од групната фаза на МИ, претходно нашите одбојкарки запишаа три порази и тоа од Грција, Косово и Турција.

Македонија диктираше темпо во текот на целиот натпревар, единствено поради пад на концентрацијата на разлика го загубија вториот сет.

Андротеа Милевска со 21 поен беше најефикасна во нашите редови следена од Тамара Атанасова со 15 поени, додека Ива Стојковска запиша 14.

Македонија групната фаза ја завршува на четвртото место пред Алжир, со скор од победа и три порази.

ПретходноФИБА Европа посочи – внимавајте на Ненад Димитријевиќ!
СледноБарселона го официјализираше хрватскиот голман