Џордан Сешн е најновото засилување за Куманово

35

Американскиот кошаркар Џордан Сешн е нов кошаркар на Куманово. Станува збор за играч со сериозно интернационално искуство, кој во својата кариера настапувал во повеќе европски и светски лиги.

Сешн е роден на 8 јануари 1996 година во Атланта, Џорџија, висок е 203 сантиметри и игра на позициите крилен центар и центар. Средното образование го завршил во Eagles Landing Christian Academy, а потоа се преселил на Georgia State University, каде што настапувал за Пантерс од 2014 до 2018 година.

По завршувањето на колеџот, Сешн ја започнува својата професионална кариера и станува вистински интернационален кошаркар. Настапувал во Велика Британија, Данска, Норвешка, Мексико, Грузија, Словенија, Бугарија и Србија. Последната сезона Сешн ја помина во Србија, каде што беше дел од Војводина Нови Сад. Во Кошаркарската лига на Србија одигра 22 натпревари, со просек од 7,5 поени, 4,3 скока и 0,6 асистенции за околу 17 минути на паркетот.

ПретходноПочна „кастрењето“ на Бразил: Анчелоти ги прецрта Нејмар и Каземиро, одбра осум дебитанти
СледноЛШ: Без победник и во Истанбул и во Ајндховен