Хамза: Респект за силниот Тиквеш, сепак Струга ТЛ оди на победа во Кавадарци!

54
ФОТО:facebook.com/Fcstruga/

Денеска од 16 часот во Кавадарци во меч од 7.коло, Струга ТЛ го чека тешко гостување. Стружани иако се во добра серија, се среќаваат со силниот тим на Тиквеш кој во минатото коло како гостин ја растури Шкендија со 3:1.

За тоа што може тимот на Струга ТЛ и какви се амбициите на ова гостување, свое видување има Меметриза Хамза, еден од најдобрите во тимот на некогашниот двоен шампион:

Атмосферата во тимот е многу добра. Работевме напорно во текот на неделата и сите сме фокусирани на натпреварот. Знаеме дека нè очекува тежок натпревар, но имаме верба во себе и во групата. Се надеваме дека со нашата посветеност и дисциплина ќе го постигнеме резултатот што го сакаме утре во Кавадарци“ – изјави Меметриза Хамза, која ветува многу борба, од првата минута, па сè до крајот, за да се оствари првата победа оваа сезона на гостински натпревари.

Дефинитивно многу го почитуваме Тиквеш и знаеме дека имаат силен тим, особено по победата над Шкендија, но ние имаме свои квалитети и сила. Ќе го дадеме својот максимум од првата минута до крајот за да ја бараме првата победа на гостински терен.“ – рече Хамза, кој е подготвен утре против Тиквеш да го постигне првиот гол во првенството! „Секогаш се трудам да го дадам максимумот за тимот, ако имам можност да постигнам гол, секако дека би било одлично, но најважно е ние како тим да го добиеме посакуваниот резултат. Се надевам дека првиот гол во сезоната ќе дојде што е можно поскоро, а зошто да не и на денешниот натпревар против Тиквеш“ заврши Хамза.

ПретходноСабаленка и Рибакина со пласман во финалето на УС Опен
СледноТрумчи: Шкендија сака да се врати на победничките патеки!