Кумановски ужас во најава за шампионот: Башкими води против Вардар на полувреме

203

Единствениот денешен меч од ПМФЛ програмата се игра во Куманово, каде што домаќинот Башкими го пречекува актуелниот бранител на титулата тимот на Вардар.

На полувреме со многу пожртвувана, борбена, и паметна игра, тимот на Башкими води со 2:1.

Фати Исмаили по еден одлично изведен корнер реализираше за 1:0, во 21. минута.

За да во 33. минута Да Силва зголеми на 2:0 минувајќи го високо излезениот Давор Талески.

Хоророт за актуелниот првак во овој дел од мечот го намали, Давид Бабунски кој што на асистенција од десно, убаво погоди во домашната мрежа иако пред него имаше голем број на домашни но и гостински играчи.

 

ПретходноТунис бесен на репрезентативецот…. ти си обичен измамник….
СледноНорис со фантастичен круг за пол-позиција во Мадрид