Димитар Митровски се враќа во репрезентацијата на Македонија

158

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски за претстојниот репрезентативен прозорец, и стартот на Лигата на Нациите, се одлучи да го повика во составот и Димитар Митровски, напаѓачот на словенечка Олимпија.

Напаѓачот има одлична сезона досега, редовно постогнува голови, па формата и погодоците самите по себе го наметнаа на списокот на селекторот.

СпортСпорт дознава дека Митровски добил репрезентативен повик и дека ќе се појави на прозивката на селекторот за мечевите против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Митровски досега има забележано осум настапи за сениорскиот национален тим на Македонија, а своевремено беше еден од капитените на младинските селекции со преку триесет настапи.

 

ПретходноБарса не планира да запре, на списокот додаден и Леванте
СледноСкандал во С. Арабија: Фановите со срамни повици до Португалецот, го споменуваа починатиот Диого Жота! (ВИДЕО)