Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски за претстојниот репрезентативен прозорец, и стартот на Лигата на Нациите, се одлучи да го повика во составот и Димитар Митровски, напаѓачот на словенечка Олимпија.
Напаѓачот има одлична сезона досега, редовно постогнува голови, па формата и погодоците самите по себе го наметнаа на списокот на селекторот.
СпортСпорт дознава дека Митровски добил репрезентативен повик и дека ќе се појави на прозивката на селекторот за мечевите против Швајцарија, Словенија и Шкотска.
Митровски досега има забележано осум настапи за сениорскиот национален тим на Македонија, а своевремено беше еден од капитените на младинските селекции со преку триесет настапи.










