МЗТ Скопје потпиша поранешен кошаркар на Куманово

88

Искусниот плејмејкер од Србија, кој што патем е поранешен играч на тимот на Куманово, Тадија Тадиќ и официјално е нов играч на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

„Металците“ предмалку го официјализираа Тадиќ во насока на уште посилен ростер за претстојната сезона како на домашна, така и на интернационална сцена.

Кога станува збор за Тадиќ тоа е играч кој што ја мина школата на Партизан, а има и настапи за младинските селекции на Србија.

За тимот на Куманово настапуваше во сезоната 2024/2025.

ПретходноБилетите за гостинскиот меч се во продажба: Словенија – Македонија во живо за 1600 денари
СледноНовиот селекторот Марковиќ го објави списокот за „Трофеј Македонија“