По цели 20 години во дресот на македонската одбојкарска репрезентација, примачот на нашиот национален тим, Владо Милев (39), денеска на мечот со Израел ќе го одигра својот последен натпревар во дресот со националните бои.
Милев по завршувањето на ова Европско првенство и официјално става крај на својата одбојкарска кариера. Тој беше дел од сите четири репрезентативни селекции кои настапија на завршниците на досегашните европски шампионати, а во националниот тим фигурира уште од далечната 2006 година.
Низ сите овие години беше незаменлив дел од нашата стартна постава и еден од лидерите на оваа генерација која ги обезбеди најголемите успеси на македонската репрезентативна одбојка.










