Покрај мечот Вардар – Нант 32:33, вечерва во рамките на 2.коло во ракометната Лига на Шампионите, се одиграа уште пет средби.
Најпрво ГОГ славеше против Сегед со 36:34 и Спортинг како гостин го декласираше Кристијанштад со 29:37.
Од терминот од 20:45 часот се одиграа три меча. ПСЖ на свој терен беше подобар од Загреб со 34:30. Омар Фати стрелаше за домашните десет пати, додека Пранди запиша два помалку.
Фуксе Берлин како домаќин доживеа пораз од Веспрем со 29:35. Ова е прв пораз за германскиот состав, а втора победа за унгарскиот гигант. Фантастичен меч одиграа гостите. Бадијала 10 голови на Гидсел кај домашните, кај победничкиот состав најефикасен беше Дескат со 9 погодоци.
Киелце како гостин го победи составот на Колстад со 29:36. Гигантот од Полска дојде до бодови во ова второ коло благодарение на Влах кој постигна девет голови, иако целиот тим одигра квалитетно. Кај домашните најефикасен беше Берге со 7 голови.










