Фабрис Тамба се врати во Тетово и ќе му се стави на располагање на тренерот на Шкендија, откако не дојде до реализација на неговиот трансфер во руски Оренбург.
Тамба во изминатите десетина дена беше во Русија, каде што ги мина потребните лекарски прегледи и преговараше со Оренбург околу условите за трансфер. Поради тоа, тој не беше во комбинација за натпреварот на Шкендија против Арсими.
Според информациите, преговорите меѓу клубовите биле во напредна фаза, а Шкендија требало да добие 250.000 евра веднаш, плус дополнителни 200.000 евра во јануари, како дел од договорот за трансферот.
Сепак, до конечен договор не дошло и трансферот пропаднал. Тамба денеска повторно се појави на тренингот на Шкендија во Тетово, што потврдува дека засега останува фудбалер на македонскиот шампион.















