ПМФЛ: Шкендија им се врати на победите (ВИДЕО)

73

Шкендија со 4:1 успеа да го победи Башкими попладне во меч од 8.коло во нашата елитна лига. Не дека лидерот блескаше, на 2:1 имаше и многу среќа кога Јанузи ја погоди пречката на Гаје, ама најважно за тимот на стратегот Артим Положани дека по двата меча на кои не успеа да слави, дојде победата. Дали е ова излез од мини – кризата допрва ќе се види.

Башкими добар, имаше кусо време и 1:1, имаше и шанси за 2:2, но сепак на крајот кумановци загубија убедливо и тоа само поради индивидулните квалитети на лидерот.

Во 17.минута Ндзенгуе со гол му донесе водство на својот тим, Тамба беше асистент.

Во самиот финиш на првиот дел видовме два гола. Прво Исмали се најде на вистинското место пред голот на Шкендија и израмни на 1:1. Сепак на пауза се замина со 2:1 за Шкендија откако Криезиу ја затресе мрежата на кумановци.

Во второто полувреме Башкими “покажа заби“, имаше шанси, ама немаше среќа. Шкендија потоаво манир на голем клуб, а тоа значуи и кога не блеска да победува, со головите на Тамба во 72.минута и на Трумчи во 87.минута покажа кој е кој и успеа да ги освои сите три бода.

Со оваа победа нема дилеми дека и по ова 8.коло тетовци остануваат лидери на прволигашката табела и таму ќе бидат најмалку три недели ако се знае дека сега следува пауза поради настапот на нашата репрезентација во Лигата на Нации.




ПретходноПМФЛ: Тиквеш до бод во Кратово, и натаму трае агонијата на Силекс!
СледноСуперкуп Евролига: Олимпијакос преку Фенер до финалето