Атанасов: Повторно ќе се бориме на сите фронтови, мислам дека лигата ќе биде послаба од лани

110

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје А. подготвен ја дочекува новата сезона, во која повторно ќе се обиде да ги освои домашните трофеи, но и да има значајна улога во АБА2 и ФИБА Европа купот.

Тренерот Васко Атанасов верува дека составот има доволно квалитет и ширина за да одговори на густиот распоред.

„Mислам дека со ростерот што го имаме сега можеме да одговориме на предизвикот и густиот распоред кој е пред нас во наредниот период. Веќе в сабота го играме првиот меч против Куманово од Суперкупот на Македонија, за нас традиционално отворање на сезоната. Ритамот ќе биде пеколен, но имаме играчи. Влезот во АБА1 лигата е наша голема желба и амбиција, секако одбраната на трофеите на домашната сцена е нешто што се подразбира, но тоа дефинитивно не значи дека ќе се предадеме без борба во ФИБА Европа купот, тоа е натпреварување во кое се враќаме по подолго време и ќе сториме се за да се претставиме во што подобро светло. Сигурно нема да калкулираме во европското натпреварување за да се чуваме за АБА, тоа не би одговарало на реномето на МЗТ“, вели тренерот Атанасов.

Во пресрет на сезоната, Атанасов вели дека новото првенство квалитативно ќе биде послабо во однос на минатата сезона. Како главни конкуренти ги издвојува Работнички, Куманово и ТФТ.

ПретходноИвановски ја мина првата пречка на ИТФ турнирот во Пардубице
СледноБеќири тргна со работа во Габала