Дефиниран системот, потврдени групите, Првата македонска лига подготвена за новата сезона

71

Кошаркарската федерација на Македонија и клубовите од Првата македонска лига – мажи ги заокружија првите активности поврзани со организацијата на новата натпреварувачка сезона.

На работниот состанок со претставниците на Здружението на клубови од Првата македонска лига беа разгледани прашањата поврзани со системот на натпреварување, календарот и подготовките за стартот на сезоната 2026/2027.

Покрај размената на ставови и предлози, беа потврдени и двете натпреварувачки групи, а со ждрепката на натпреварувачките броеви беа одредени и двојките за првото коло.

Новата сезона е предвидено да започне на 10 октомври 2026 година.

Во групата „А“ во првото коло ќе играат:

Борец Баскет – Ангели

ИБА Скопје – Водно Санс

Младинец – Црн Дрим

Феникс 2010 – Мега Баскет

Во групата „Б“ ќе се сретнат:

Гостивар – Тетекс ТТК

Овче Поле – Охрид

Гевгелија – Вардар

Екипата на Бутел ќе биде слободна во првото коло.

Двокружна прва фаза, потоа ТОП 8 и Плеј-аут

Согласно со усвоениот систем на натпреварување, во првата фаза екипите ќе играат двокружно, по принципот „секој со секого“ во рамките на својата група.

По завршувањето на оваа фаза, четирите најдобро пласирани екипи од двете групи ќе продолжат во ТОП 8 фазата, со пренесување на резултатите од меѓусебните натпревари одиграни во првата фаза.

Екипите кои ќе го освојат петтото до седмото, односно осмото место во своите групи ќе продолжат во Плеј-аут фазата, во која ќе се води борбата за опстанок во највисокиот ранг.

На крајот од сезоната, најдобро пласираната екипа во Првата македонска лига ќе обезбеди пласман во Суперлигата, додека последнопласираната екипа од Лигата за опстанок ќе го загуби прволигашкиот статус.

Со дефинираниот систем, групите и почетните двојки, клубовите влегуваат во завршната фаза од подготовките за новата сезона.

Работниот состанок уште еднаш ја потврди важноста на отворената комуникација и заедничката соработка меѓу КФМ и клубовите, со цел подобра организација на натпреварувањето и создавање услови за понатамошен развој на македонската клупска кошарка.
Извлечени натпреварувачките броеви и формирани двојките за 1. коло во Втората лига – жени

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите – членки на Здружението на клубови од Втората лига – жени, на кој беше извршена ждрепка на натпреварувачките броеви за сезоната 2026/2027.

Со извлекувањето на натпреварувачките броеви беа формирани и двојките за првото коло од календарот за натпреварување, а беше утврден и стартот на новата сезона.

Натпреварите од Втората лига – жени ќе започнат на 17 октомври 2026 година.

ВТОРА ЛИГА – ЖЕНИ

Двојки за 1. коло

Гостивар – Шкупи

Охрид – Тим Арена

Спорт Тим – Струга 2009

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА КУЛТУРАТА
СледноРустемоски со огромен успех, со бронзата в џеб ќе се бори за финале на ЕП во Софија