Швајцарија ќе не нападне со двајца „нашинци“

442

Македонската фудбалска репрезентација веќе два дена како се подготвува за претстојните предизвици од најновото издание на Лигата на Нациите. Овојпат, за прв пат сме во Б дивизијата, каде што играме со сериозни противници од типот на Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Швајцарците се нашиот прв противник, а мечот е закажан за в сабота на 26.09.2026 на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:45 часот.

Противникот е сериозен, беше дел од милинационата фаза на послендиот Мундијал. Составот е страшен, огроменброј на звезди од најразлични екипи.

Од друга страна пак, кога станува збор за Швајцарија, секогаш тема биле играчите со потекло од други земји, а Македонија не била исклучена од тоа. Па така, своевремено ги имавме, Адмир Мехмеди, Блерим Џемаили, Пајтим Касами, и ред други кои што настапуваа за оваа репрезентација, а се со потекло од Македонија односно нивните семејства влечат корени од тука.

Овојпат тоа се  Адриан Бајрами, односно Ардон Јашари. Околу првиот Македонија имаше обиди да го доведе да игра за нас, но момчето со потекло од Кичево, откако заигра за Швајцарија на неофицијален меч, заигра за младинските селекции на Албанија. Направи трансфер во Бенфика, а еве сега со успех настапува и за тимот на Брага, а најново е што е на списокот за мечот против Македонија за Швајцарија.  Веќе го промени спортскиот пасош и има настап за националниот тим на државата каде што е роден.

Од друга страна пак, играчот на Милан, Радон Јашари, односно неговото семејство е со потекло од Куманово, и тој веќе има единаесет настапи за Швајцарија. За него Македонија исто така се заинтересира, но реалноста да настапи за нас беше минимална. Момчето кое што изразна фудбалски во Луцерн, по одличните игри во белгиски Клуб Бриж направи голем трансфер во Милан за сума од 36 милиони евра во 2025 година.

И обајцата се очекува да добијат минутажа против Македонија, дали во Скопје или пак на последниот меч од овој репрезентативен прозорец против Швајцарија на нејзин терен останува да видиме.

 

ПретходноРустемоски со огромен успех, со бронзата в џеб ќе се бори за финале на ЕП во Софија
СледноДитмир Хоџа со деби за Лидс го исфрли Барнсли во Купот