ГРК Тиквеш со апел до своите навивачи пред дуелот со Вардар

155
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

Денеска продолжува четвртото коло во Супер-лигата, на програмата се два натпревари. ГРК Тиквеш е домаќин на актуелниот првак, Вардар, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

Пред оваа средба од таборот на кавадарчани испратија апел до своите фанови. На трибините ќе бидат и навивачите на „црвено-црните“, па посакуваат овој меч да заврши во одлична атмосфера.

„Нека борбата остане на теренот, а на трибините нека победи спортот и почитта “, се вели во пораката на ГРК Тиквеш.

Еден час подоцна, Мулти Есенс е гостин на Куманово, ова се два тима кои немаат освоено ниту еден бод.

ПретходноАндреа Лекиќ: Не може да им забраните на ракометарките да станат мајки!
СледноАлармантна статистика: Само Македонија и Сан Марино немаа шут во рамки на голот!